Петок во фустанче + гумени чизми
•
23 април 2021
Добро утро. Петок е, па се надеваме дека и покрај дождот и тмурното време, сте во добро расположение.
Ние и за денес подготвивме предлог комбинација, во склад со временските услови.
Доколку имате гумени чизми, извадете ги и искомбинирајте ги со фустанче. Во случајов се работи за романтичен модел со интересен принт. Кројот е широк, ракавите долги, а околувратникот висок.
Вие направете ваша комбинација и не дозволувајте ништо надворешно да ви влијае на расположението.
Ви посакуваме убав крај на работната неделла.