Петок во фустанче со карнер
•
20 август 2021
Добро утро. Петок е, па веруваме дека и со тоа расположението ви е подобро :) Нашиот денешен предлог е една женствена комбинација идеална за овие пријатни летни температури.
Фустанот е со миди должина, а здолништето има и широк карнер. Ракавите се широки и се врзуват во панделки. Со оглед на тоа дека принтот е дискретен и во црна нијанса, и чевлите со ремче околу глужд и потпетици, шапката и чантата се во истата нијанса.
Вие одберете нешто од вашиот плакар слично и искомбинирајте го во склад со вашиот стил.
Ви посакуваме убав викенд!