СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Петок во кратка топ-кошула и молив здолниште

5 август 2022

Добро утро!

Денес одберете комбинација која ќе ја истакне вашата женственост преку несекојдневен спој на класични парчиња облека. Долгото сиво молив здолниште со висок струк во комбинација со високите кожни чизми, елегантниот златен накит и малата црна кожна чантичка со златни детали, му даваат беспрекорна софистицирана и формална нијанса на изгледот.

Фото: Pinterest

Но затоа пак краткиот топ со долги ракави и необичен крој кој наликува на класична кошула, иако сепак не е, ја разбива сериозната енергија и му додава нишка сексапил на овој женствен изглед.

Имајте убав ден. 

Објавено:
5 август 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
652 пати