СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Петок во модни парчиња од кожа во црна боја
•
23 септември 2022
Добро утро!
Последниот ден од работната недела го освојуваме со моќна монохроматска комбинација базирана на модни парчиња од кожа во црна боја. Вашите омилени тесни црни фармерки во спој со црни кожни чизми до глужд и црна чанта ќе постигнат удобен и едноставен изглед без разлика на тоа за каква блуза ќе се одлучите денес, додека пак предимензионирана црна кожна јакна со нагласени патенти и ремени и црните очила за сонце ќе му додадат дополнителна „rocker chick" нијанса на целиот аутфит.
Уживајте во денот!