Конечно петок! Последниот ден од работната недела поминете го во топли парчиња во кои ќе уживате во текот на целиот ден. Денеска носиме интересни фармерки и ги комбинираме со топло џемперче во кафена нијанса со мини ролка која ја обожаваме оваа сезона. Бидејќи времето е навистина студено, комбинацијата надополнете ја со овој стилски и неверојатно елегантен капут во иста нијанса како џемперчето и кусите чизмички и елегантната чанта. Украсете ја комбинацијата со овие неодоливи панделка обетки и нежен кармин во кафена нијанса.

Уживајте во денот!

Објавено:
11 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
747 пати