Оваа работна недела ќе ја завршиме со стил.

Петочки сме расположени за широки панталони на црно бели риги коишто ќе ги споиме со црна ролка.

Невообичаено топлото време за овој период дозволи капутите да ги замениме со мантили, па затоа одбираме мантил во светло кафена нијанса.

Стајлингот го заокружуваме со црни чевли и чанта и ви посакуваме убав викенд.

Фото: Pinterest

Објавено:
8 февруари 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот