Петок во шик – рок издание
•
26 февруари 2016
Последниот ден од работната недела поминете го во лежерно рок издание составено од неколку супер удобни парчиња. Денеска носиме широки фармерки и ги комбинираме со стилска карирана кошула и црна кожена јакна. Со оглед на тоа што времето надвор е одлично, одберете ги вашите омилени оксфордки и црна чантичка што супер ќе се усогласи со чантата. Зачинете ја комбинацијата со впечатлив црвен кармин и бохо алки во неколку бои.