Петок во сино фустанче на преклоп
•
22 јуни 2018
Конечно петок! Најубавиот ден од неделата е пред нас, па прославете со шик комбинација во која ќе се чувствувате прекрасно каде и да се појавите.
Денеска носиме сино фустанче на преклоп со ситни бели цветчиња како едно од омилените летово поради неговата лежерност и удобност.
Го комбинираме со едноставни бели патики кои се совршени за надополнување на секоја комбинација, а и се супер удобни.
Најинтересен моден додаток денеска е оваа плетена чанта која е најголем хит кај познатите дами летово.
Уживајте во омилениот петок!
Фото: Pinterest/Lulus