Ако викендов ве очекува некоја летна забава, ние го имаме совршениот предлог. Лесно лелеаво и плисирано фустанче во смарагдно зелена нијанса ќе направи да се чувствувате впечатливо.

Здолништето е широко и над колена, додека гордниот дел е со откриени раменици и со голем карнер што му дава посебна доза на женственост. 

Го комбинираме со црни секси сандали на врзување и чанта со везени цветни апликацици. Карминот е исто така впечатлив, во боја на виното, а за уште повпечатлив изглед додадете и некој убав, но дискретен украс за коса.

Имајте забавен петок!

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
402 пати