Петок во тексасно здолниште и долго палто
•
3 април 2020
Добро утро. Петок е, иако доколку сте дома, можеби веќе и сите денови ви се исти. Имаме надвор и сонце, што помага за подобро расположение, а ние како и секое утро започнуваме со предлог стајлинг на ден.
Можете да го искористите доколку имате итна потреба да излезете, или да ви остане како инспирација за деновите кога сето ова ќе заврши.
Денешната комбинација е составена од тексасно асиметрично здолниште, бела маица, односно може да биде и тенка блуза и волуменозно долго палто.
Стајлингот можете да го надополните со чизми до глужд, или патики, чанта и очила за сонце, како и дискретен накит.
Бидете во добро здравје и расположение.
Ви поскауваме убав ден!