Петок во женствена комбинација
•
4 ноември 2016
Конечно петок! Последниот ден од работната недела посветете го само на себеси и блеснете во супер женствена комбинација составена од шик плетено фустанче во сива нијанса со карнер во долниот дел. Истото го комбинираме со едни од најпосакуваните чизми оваа сезона и неверојатен капут кој денеска ќе го собере сето внимание. Комбинацијата надополнете ја со едноставна црна чанта и неодоливи бои на кармин од кои можете да си одберете.
Уживајте во денот и прекрасниот викенд што доаѓа!