Понеделни во кафени тонови
•
5 април 2021
Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ние ја започнуваме со деловна комбинација во кафени тонови.
Панталони со висок струк и широки ногавици се искомбинирани со ролка во чоколадна нијанса. На тоа е додаден блејзер во кафени нијанси.
Модните додатоци се исто така во тие рамки. Мала, но впечатлива чанта, широк ремен со кој дополнително се нагласува половината и шапка се одличен избор со кој е заокружена комбинацијата.
Кога се обувките во прашање, овде се рамни чизми до глужд, но ако преферирате потпетици, можете да ги замените со чевли.
Ви посакуваме убав почеток на работната недела.