Понеделник е за капут во пепито дезен
•
25 февруари 2024
Работната недела ја започнуваме со капут во пепито дезен којшто секогаш е добар избор кога ни треба доза на софистицираност.
Неговиот црно бел дизајн одлично се сложува со црната боја, па затоа одбираме црни панталони, блуза и чизми, на коишто додаваме црни чизми над глужд.
Финишираме со црна чанта и ремен за дополнителна елеганција и ви посакуваме убав понеделники.
Фото: Pinterest