Понеделник во асиметрично здолниште + блејзер
•
29 март 2021
Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а започнува со сонце.
Инспирирани од пролетта, нашиот денешен предлог е комбинација во светли тонови.
Асиметрично здолниште во златно-бакарна нијанса е во склад со едноставна бела блуза. Комбинацијата е надополнета со долг блејзер во беж нијанса, која одлично се вклопува со останатите тонови.
Изборот на обувки се влечки, но вие сменети ги со чевли на потпетица или пак чизми доколку сакате уште малку да ги носите.
Мала чанта, ѓердан и обетки и очила за сонце се модните додатоци со кои стајлингот е заокружен.
Ви посакуваме убав ден.