Понеделник во бела кошула + здолниште + капут
•
8 февруари 2021
Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ние ја започнуваме со нов предлог-стајлинг.
Комбинацијата е составена од бела кошула со висок околувратник и здолниште.
На тоа е додаден тегет капут со ремен кај половината, кој дополнително ја нагласува.
Бели високи чизми, бела беретка и црвена чанта која ја прави комбинацијата уште повпечатлива се модните додатоци со кои стајлингот е заокружен.
Ви посакуваме убав понеделник и уште поубава работна недела.