Понеделник во бело и земјени тонови
•
11 јули 2022
Добро утро!
Безвременска комбинација од едноставна бела памучна маичка и удобни пантолони во земјени тонови е можеби најдобриот избор за почеток на работната недела. Оваа класична и неутрална комбинација може да добие дополнително елегантен изглед зависно од модните додатоци кои ќе ги вметнете.
Одлучете се за чанта, ремен и чевли со кожни детали во боја која ќе соодвествува со вашите парчиња облека и веќе сте подготвени за денот.
Имајте убав понеделник.