Понеделник во целосно бела комбинација и кафени чизми
•
30 септември 2019
Првиот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце, но утрото е студено па одбравме стилска ролка на долги ракави во бела нијанса.
Истата ја комбинираме со асиметрично плисирано здолниште со висок струк, а на целата комбинација ѝ додадовме впечатливи кафени чизми до колената.
Чантата е во иста нијанса како чизмите, а подеднакво шик се сите детали во златна нијанса вклучувајќи ги и очилата за сонце.
Имајте супер старт на работната недела!