Понеделник во црна ролка и плетено кафено здолниште
•
29 јануари 2018
Новата работна недела ја започнуваме со топла комбинација во земјени нијанси. Се одлучивме нашиот денешен предлог да биде тесно кафено здолниште (од плетенина) со ремен на кој има крзнени топчиња.
Го комбинираме со црна ролка со долги ракави. На тоа додаваме беж капут со широки џебови, а кога се модните додатоци во прашање, одбравме црни чизми до глужд (ако сте пониски, можете да ги замените со некои до колена) и карирана чанта во слични нијанси.
Ви посакуваме успешна работна недела!