Првиот ден од работната недела е секогаш тежок, но денеска е прекрасен бидејќи се разбудивме со сонце и супер температури.

Денеска е денот на шегата, па обидете се што и да правите да останете позитивни и насмеани. Носиме џинс во темна нијанса и го комбинираме со едноставна црна блузичка со цветен принт по ракавите.

Бидејќи времето е супер топло, одозгора можете да комбинирате само елече, овојпат во темно зелена боја и секако удобни патики.

Имајте супер сончев Ден на шегата!

Објавено:
1 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
472 пати