Понеделник во џинс и впечатливи чизмички
•
24 декември 2018
Првиот ден од работната недела секогаш е многу тежок, а денеска и времето дополнително ни отежнува, но тоа не значи дека не треба да се радуваме.
Какви и да ви се плановите, почнете го првиот ден од работната недела стилски и одберете топли парчиња во кои ќе изгледате супер шик.
Денеска носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со бела кошулка и топло џемперче во крем нијанса.
Одозгора, комбинацијата ја надополнивме со стилско елече во темно зелена нијанса, а секако, истата можете да ја надополните и со капутче.
Највпечатливи во целата денешна комбинација се чизмичките со тигрест принт кои изгледаат совршено со останатите парчиња.
Фото: Pinterest