Понеделник во карирани панталони и жолто џемперче
•
10 декември 2018
Првиот ден од работната недела секогаш знае да биде тежок, па денеска одберете весела комбинација со која ќе внесете позитивна енергија.
Денеска носиме шик карирани панталони и ги комбинираме со едноставна бела ролка и тренди жолто џемперче.
Секако, одозгора комбинацијата надополнете ја со топло капутче и овие слатки чевли кои се совршен пар на останатите парчиња.
Што се однесува до модните додатоци, единствено носиме тренди чанта и топла капа за да се заштитиме од студот.
Уживајте во денот!
Фото: Pinterest