Понеделник во кожена јакна и блуза во пруги
•
9 октомври 2017
Оваа работна недела ја стартуваме со урбана комбинација која идеално се вклопува во актуелната улична мода.
Одбравме црна кожена јакна која ја комбиниравме со џинс и блуза во пруги.
Стајлингот го надополнивме со безвременските црни старки и шик мини чантичка, исто така во црна варијанта.
Не ги заборавајте и очилата за сонце, со оглед на тоа дека денеска е убав и сончев октомвриски ден.