Понеделник во кожени панталони и кафено палто со ремен

14 октомври 2019

Првиот ден од работната недела и ден после продолжениот викенд времето е одлично, но утрата се студени, па да одбереме комбинација со топли парчиња.

Носиме кожени панталони и ги комбинираме со црна блузичка, а одозгора кафено палто со впечатлив ремен на половината.

Стајлингот го надополнивме со интересна црна чантичка, шапка и очила за сонце, а накитот е секогаш во омилената златна нијанса.

Имајте супер ден!

Објавено:
14 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.835 пати