Добро утро. Нова работна недела пред нас, а и нов-предлог стајлинг.

Овој пат се одлучивме да ве инспирираме со кожено миди здолниште во кафена нијанса. Искомбинирано е со бела кошула со широки ракави.

Комбинацијата е заокружена со бандана исто така од кожа, која не само што може да ја замени маската за лице, туку може да биде одличен моден детаљ.

Црн кожен ремен со вечатлива тока, црни чевли на висока потпетица и интересна црна чанта се модните додатоци со кои стајлингот е комплетен.

Вие направете ваша верзија на стајлингот. 

Ви посакуваме успешна работна недела...

Објавено:
22 ноември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.650 пати