Првиот ден од работната недела секогаш е тежок, а денеска дополнително го отежнува облачното време.

Поради тоа, носиме комбинација составена од парчиња во светли нијанси, односно панталони и тенко џемперче во светла крем боја.

Бидејќи и температурите се пониски од минатата недела, утрово комбинацијата можете да ја надополните со стилско палто со животински принт и рамни чевли со ист принт.

Комбинацијата ја надополнуваме со волуменозна чанта во кафена нијанса.

Имајте убав ден! 

Фото: Pinterest

Објавено:
13 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.462 пати