Понеделник во макси плетено здолниште и ролка
•
11 ноември 2019
Добро утро. Новата работна недела ја започнуваме со женствена комбинација, која може да се вклопи одлично и во вашиот деловен стил, доколку работното место го дозволува тоа.
Долго здолниште во розови и зелени нијанси е искомбинирано со зелена ролка и капут во беж нијанси со дискретен принт. Доколку излегувате подоцна, капутот можете да го смените со мантил или кожена јакна.
Стајлингот е заокружен со високи чизми и кожена чанта во бордо нијанса.
Ви посакуваме убав ден и успешна работна недела!