СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Понеделник во мантил и акцентска мини чанта
•
26 септември 2022
Добро утро!
Оваа недела ја започнуваме со едноставен есенски аутфит каде центалното внимание ќе падне на класичниот кафен мантил со кожни елементи и акцентска мини чанта во впечатлива и јака боја, како портокаловата, која ќе отскокнува од доминантната земјена палета.
Комплетирајте го изгледот со ненаметлив златен накит, очила за сонце и мартинки и уживајте во денот.