Добро утро. Новата работна недела започна со сонце и убаво време. Се надеваме дека сте и во добро здравје и дека се привикнувате на новите ситуации.

За расположението може да помогне и облеката, во која ќе се чувствувате удобно и убаво.

Нашиот денешен предлог е миди здолниште со висок струк и ремен во панделка. Ја истакнува женственоста и телото, на начин што струкот е нагласен, а лелеавото здолниште ви дава чувство на леснотија.

Во комбинација е со бела кошула, која секогаш е добар избор, посебно за деловни комбинации. Чевлите се колор-блок, но вие можете да изберете и некои во интензивна нијанса.

Додадете чанта, очила за сонце и дискретен накит.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
11 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
820 пати