Почетокот на оваа работна недела ќе го направиме интересен со морнарски аутфит. Имаме бела блуза со сини риги и бели фармерки подвиткани над глужд.

Спортски парчиња коишто добиваат сосема нов лик кога ќе ги споиме со елегантни потпетици со цветен принт. Пролетно и весело, како што прилега за овие топли денови. 

Финишираме со тробојна чанта што одговара на чевлите и очила за сонце во сличен стил.

Убав понеделник.

Фото: Pinterest

Објавено:
14 април 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот