Понеделник во нежна розова
•
6 ноември 2023
Зошто не розово во есен... Оваа нежна боја иако ја поврзуваме со потопли денови, убаво е да ја видиме и во есен.
Затоа за стартот на оваа работна недела предложуваме панталони и кошула во нежна розова нијанса, коишто ќе ги споиме со беж мантил и бели патики.
Интересна комбинација за ведар и разигран ден. Додаваме црн ремен и чанта во иста боја.
Имајте убав понеделник.
Фото: Pinterest