Понеделник во одело + ролка + марама
•
28 декември 2020
Добро утро. Почнува последната работна недела во 2020 година. Ние ја започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на денот“, а нашиот денешен предлог е една деловна комбинација.
Се состои од одело во беж нијанса и ролка. Палтото има и ремен со што дополнително се истакнува струкот, а комбинацијата уште повпечатлива ја прави и марамата која е додадена во предниот дел.
Додадете чизми и капут и уште некој ваш омилен моден додаток и испратете ја годината со стил.