Новата работна недела ја започнуваме со една деловна комбинација, но сепак во поопуштена варијанта. Доколку немате строго пропишан дрес код на работното место, ова може да ви послужи како инспирација за било кој друг ден во неделата. 

Бели, класични панталони со изразени рабови на ногавиците, кои патем се широки, е едно од парчињата што се основа со гардероберот на повеќето жени.

Ние ги комбинираме со окер кошулка, со широк крој, која има V-израз и јака на врзување, што ја прави интересна и несекојдневна.

На сето тоа додаваме бели ниски чевли со принт и голема окер чанта. Со оглед на тоа дека убавото време сè уште не служи, очилата за сонце се неизбежен моден додаток.

Ви посакуваме успешна, нова работна седмица!

Објавено:
18 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.425 пати