Понеделник во панталони на риги и виолетово палто
•
26 март 2018
Добро утро. Новата работна недела ја започнуваме со предлог комбинација во деловен стил, кој веруваме ќе ве инспирира.
Тесни панталони на риги, со висок струк се нашиот денешен избор. Ги комбинираме со блуза со пеплум елемент во долниот дел и црн паспул околу половината, што ја прави повпечатлива.
На тоа додаваме краток капут во т.н. вино нијанса, а во слична нијанса е и чантата, која е и со животински принт. Можете да облечете и палто во некоја посмела боја, а капутот да ви биде црн или во некоја неутрална нијанса, доколку не располагате со некое вакво слично парче.
Комбинацијата ја заокружуваме со црни чевли, а иако го нема на фотографијата, чадорот денеска нека ви биде задолжителен моден додаток.
Ви посакуваме успешна работна недела!