Понеделник во рок комбинација
•
11 март 2019
Првиот ден од работната недела се разбудивме со прекрасно време и сонце во градот, па без проблем можеме да носиме кусо здолниште.
Истото е изработено од темен тексас, па го комбинираме со црна маичка на куси ракави со принт во предниот дел.
Одозгора, комбинацијата надополнете ја со тексас јакна во светла нијанса и црни чизми на висока потпетица.
Стајлингот истакнете го со впечатливи обетки и чанта и секако, задолжителните очила за сонце.