Понеделник во ролка и кожена јакна
•
1 октомври 2018
Првиот ден од работната недела и првиот ден од прекрасниот октомври го дочекавме со сонце во градот, но и температури кои дозволуваат да носиме џемперче.
Одбравме едноставни фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со меко џемперче ролка во сива нијанса, а на сето ова додаваме шик кожена јакна во црна боја и патичиња што совршено одговараат.
На комбинацијата додадете ја вашата омилена кожена чанта и очила за сонце, а во утринските часови можете да ја ставите и оваа тренди капа.
Уживајте во денот и имајте прекрасен октомври!