Понеделник во романтичен фустан со карнери и панделки
•
12 јули 2021
Оваа работна недела ја стартуваме со романтичен стајлинг.
Како предлог одбравме фустан во пруги што истовремено е и тренди и женствен, а прилега на сечија силуета.
Кројот ја следи линијата на телото, а во долниот дел е надополнет со широки карнери, додека прерамките на рамената се врзуваат во панделка.
Може да го комбинирате со сандали или еспадрили, а особено шармантно изгледа во комбинација со сламен шешир.