По прекрасниот викенд, дојде и понеделникот со кој секогаш некако тешко се соочуваме. По тој повод, денеска решивме да носиме лежерна, а истовремено стилска комбинација.

Во истата ги вметнавме неизбежните светли фармерки и ги комбинираме со тенко џемперче во крем нијанса.

Комбинацијата ја надополнивме со едноставни бели патики, впечатлива чанта со животински принт, а целиот акцент го ставаме на оваа супер шик шапка која ќе биде нашиот најдобар сојузник во сите пролетни стајлинзи.

Убав ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
22 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
559 пати