Понеделник во шик француска комбинација
•
30 јануари 2017
Првиот ден од работната недела не секогаш мора да биде тежок. Денешниот нека биде поубав од кога и да е, а имаме и сонце да ни помогне во тоа. Денеска носиме неодоливо бело џемперче со апликација од црвена роза во предниот дел и го комбинираме со фармерки со висок струк како едни од најпосакуваните сезонава. Комбинацијата надополнете ја со овие стилски чизми со врвки и ова едноставно, црвено капутче кое е совршено за овој понеделник. Чантата нека биде црна како и чизмите, а што се однесува до модните додатоци, задолжителни денеска се црвеното француско капче и црвените кожени ракавици кои ќе ве стоплат.
Имајте успешен старт на работната недела!