Понеделник во светли нијанси
•
12 април 2021
Добро утро. Започнуваме уште една работна недела и тоа стандардно со рубриката стајлинг на денот.
Овој пат нашиот предлог за инспирација е комбинација во светли нијанси.
Бел џинс или панталони искомбинирајте ги со бела кошула или блуза и на тоа додадете мантил исто така во светла нијанса.
Изборот на обувки се колор-блок сандали, додека пак чантата е во беж нијанса. Но, доколку сакате да му дадете диманика на изгледот, можете да изберете некоја во повпечатлива нијанса.
Ви посакуваме убава работна недела.