Понеделник во свилена кошула, џинс и карирано палто
•
21 октомври 2019
Првиот ден од работната недела повторно со прекрасно сонце и супер температури во текот на денот, па носиме повеќеслојна комбинација.
Одбравме џинс со висок струк и го комбинираме со прекрасна свилена кошула во нежна сина нијанса, а утрово комбинацијата ја надополнивме со карирано палто поради ниските температури.
Стајлингот надополнете го со чизми или едноставни бели патики и чантичка и накит по ваш избор.
Имајте супер старт на работната недела!
Фото: @ellaforster