Понеделник во тексас кошулка и сиво џемперче
•
14 јануари 2019
Првиот ден од работната недела секогаш е тежок, а денеска утрово го дочекавме со навистина ниски температури, а тоа значи дека треба добро да се облечеме.
Носиме црни фармерки и ги комбинираме со тексас кошулка и топло сиво џемперче со кое ќе се заштитиме од студот.
Комбинацијата ја надополнивме со црни чизми до глуждовите и црна шапка, а на вас оставаме да одберете капутче и секако, соодветна чанта што изгледа супер заедно со останатите парчиња од комбинацијата.
Имајте убав ден и успешен старт на работната недела!