Понеделник во топли бои
•
18 декември 2017
Новата работна недела ја започнуваме со стајлинг во топли бои. После топлиот и дождлив викенд, понеделникот носи нови работни предизвици.
Ние се одлучивме за еден практичен и топол стајлинг, па денес комбинираме портокалова ролка со панталони со диксретен дезен во кафени, беж и сиви нијанси. На тоа додаваме нијансиран кариран капут кој дополнително ќе внесе веселост во вашиот стајлинг.
За крај, изгледот го комбинацијата ја комплетираме со темнокафени чизми до глужд и чанта во нијанси на капутот.
Карминот и доброто расположение (и покрај тоа што е понеделник) се задолжителни!
Имајте успешна работна недела!