Понеделник во топол џемпер и шик чизми
•
5 ноември 2018
Првиот ден после викенд секогаш е ултра тежок, па ни треба причина да станеме од кревет и да се соочиме со обврските.
Денеска после работа договорете кафе со пријателките за да може да го издржите денот кој се чини дека повторно ќе биде многу убав.
Носиме светли фармерки со висок струк и ги комбинираме со топла ролка во кафена нијанса како едно од најпосакуваните парчиња оваа сезона.
Она на што денеска ставаме акцент се чизмите кои се со кариран принт и кои се доволно впечатливи за денешната комбинација.
Уживајте во денот и обврските!
Извор: Pinterest/Lilah G.