Понеделник во тренди издание
•
25 јули 2016
Првиот ден од работната недела поминете го во супер тренди издание составено од неколку удобни парчиња во кои ќе уживате на високите температури. Носиме широки панталони со висок струк со вертикални пруги и ги комбинираме со навидум едноставна, но толку удобна и модерна маичка на куси ракави. Уживајте во денот и завршете ги сите обврски со овие шик сандали со врвки кои одлично одат во комбинација со стилската чанта со црно – бели пруги. Што се однесува до модните додатоци, како и секој ден, така и денеска од дома не излегуваме без очилата за сонце, часовникот и мобилниот телефон.
Имајте успешен старт на работната недела!