Сабота во џинс и нежна кошула со карнери
•
23 мај 2020
Добро утро. И овој ден го започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на денот“. Нашиот саботен предлог е лежерна и удобна комбинација.
Фармерките се секогаш добар избор, а овој пат ги комбинираме со нежна кошула со долги ракави. Она што ја прави интересна е што е на риги, а во предниот дел има и карнери, па придонесува за романтичната нота на стајлингот.
Сандали и чанта за преку рамо, како и очила за сонце со модните додатоци кои го прават овој стајлинг комплетен. Вие секако можете да направите ваша комбинација и избор, а овој наш предлог нека послужи како инспирација за тоа што би можеле да облечете денес (или можеби да го чувате како идеја за некој друг ден).
Ви посакуваме убав викенд.
фото:pinterest.com/vivaluxury