Сабота во џинс + маица + летен блејзер
•
17 јули 2021
Добро утро. Можеби саботата е малку тмурна, но не значи дека не можете да ја искористите на најдобар можен начин.
Ако планирате да излезете од дома, ние имаме еден предлог - облечете ги омилените широки фамерки и искомбинирајте ги со маица со интересен принт.
На тоа додадете некој лесен тенок блејзер. Во случајов е бел со нагласени раменици.
Модните додатоци нека се во некоја интензивна нијанса, може и жолта за да им пркосите на облаците :)
Секако, со оглед на непредвидливото време, не излегувајте од дома без чадор.
Ви посакуваме убав ден.