Сабота во карирани пантолони, црно палто и плетено капче

17 декември 2022

Наш предлог за оваа сабота се карирани пантолони, црно палто и задолжително плетено капче, во светла нијанса. Полн погодок би било ако кон тоа додадете и окер мартинки со некој интересен детаљ.

Во оваа комбинација истовремено ќе се чувствувате шик и комотно и секако нема да останете незабележани во првиот ден од викендот. Изгледот комплетирајте го со некое тренди ранче во црна боја.

Фото: Pinterest

Објавено:
17 декември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
818 пати