Утринава нè разбуди дождот, но тоа не е причина денот да го поминете дома. Со оглед на тоа дека температурата е пријатна, испијте го првото утринско кафе и одлучете каде ќе прошетате.

Нашиот денешен предлог е плетен фустан во темнозелена нијанса со долги ракави, кој го комбинираме со црна кожна јакна и чизми до глужд со висока потпетица во принт, кои ќе го разиграат стајлингот.

Комбинацијата ја заокружуваме со црно ранче и очила.

Оваа комбинација е супер доколку планирате вечерва да излезете со пријателите, а во тој случај ставете кармин во некоја впечатлива боја. Нашиот избор е темновиолетова.

Имајте убав викенд!

Објавено:
20 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.072 пати