Сабота во сладолед комбинација
•
21 април 2018
Времето е совршено, затоа сме сигурни дека нема денот да го поминете дома. За денеска ние ви подготвивме една весела комбинација која веруваме идеално ќе се вклопи во вашиот стил и планови.
Одбравме панталони - килоти во златно жолта нијанса. Ги комбинираме со бела кошула на риги. Во горниот дел е асиметрична и со карнери, што ја прави уште повесела и интересна.
Сандалите се во слична нијанса со панталоните, а чантата е со принт на сладолед на неа, што може ќе ви даде идеја и денес да се почестите со еден :).
На крајот додаваме и очила за сонце, а вие додадете го само доброто расположение и нема пречки овој викенд да ви биде совршен!