Со оглед на тоа дека е викенд, веројатно имате планови како најдобро да го искористите. Времето е на ваша страна, а ние за денеска ви подготвивме една предлог-комбинација за вечерните часови.

Ако планирате да излезете со пријателите или имате забава, наш предлог е кожено здолниште со принт и патент на средината.

Го комбинираме со нежна блузичка во златно-портокалова нијанса, која се врзува во задниот дел.

На тоа додаваме црни кожени чевли со инересен облик и едноставна кожена јакна.

Карминот е неутрален, а она што само ви недостасува да го комплетирате изгледот е доброто расположение!

Имајте убав викенд!

Објавено:
17 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
520 пати